Centar.mk
БИЗНИС

Битиќи за Алсат: Во државата има доволно пари за реализација на сите мерки

Одговорно тврдам дека за сите закони, кои што стојат во Собранието, има пари. Мојот апел до пратениците не е да ја префрлам топката кај нив, туку затоа што знам што значи ако денеска стигнат парите кај нашите стопанственици и кај граѓаните, затоа што ние ги имаме парите обезбедено, парите се тука, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија.

Тој додаде дека Буџетот не само што е ликвиден, туку функционира подобро од минатата година, пред да влеземе во период на криза, на приходната страна само данокот на личен доход на крајот на март малку е паднат но, тоа е поради неисплатените плати, бидејќи стопанствениците ја чекаа помошта од владата за исплата на плати.

Секој ден ме боли зашто што е уште еден ден е пропуштен, да не се изгласа тоа. Пари има, а мерките ќе дадат и тoa каков ефект, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи

Можеби ќе ве интересира

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК

Високите цени на дизелот закотвија половина од холандската рибарска флота

C +

Дали треба да има скратена работна недела? Ако се усвои оваа мерка македонските граѓани ќе работат 4 наместо 5 дена за иста плата

ДЕСК