11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Битиќи за Алсат: Мерки вредни 200 милиони евра се заглавени во Собранието, претходните економски пакети дадоа добри резултати

Ние имаме мерки од четвртиот и петтиот пакет, кои се заглавени во Собранието, а нивната имплементација значи 200 милиони евра во овој момент, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија.

Тој нагласи дека поради недонесување на овие мерки не може да види нивниот ефект врз стопанството, но претходните три, како и мерките од четвртиот пакет, во 2020 година го дадоа својот ефект.

Битиќи рече дека во 2020 година има пад на БДП од 4,5%, а според анализите ефектот на мерките е намалување падот за 4,2%.

Ако немаше спроведени економски мерки падот ќе беше 8,7, а со нив имаме пад од 4,5%, појасни вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Спонзорирано: