17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата ќе ја одржи редовната 64. седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На 64. седница, со почеток во 13:00 часот, на предлог на Министерството за образование и наука ќе се разгледуваат предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.

На предлог на Министерството за економија на седницата ќе се најдат неколку точки на дневен ред, меѓу кои предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка и предлог-законот за изменување на Законот за енергетска ефикасност.

Пред министрите, според дневниот ред на денешната седница ќе се најде и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, по скратена постапка.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет-врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.