Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ЦУК: од зборови на дело – почна работата на Комисијата за случајот спсување во Кратовско

Денеска, (06.04.2021), како и што најави на вчерашната прес-конфернција, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, почна со работа, вчерашно формираната, Комисија за утврдување на правилност во примената на СОП за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово (5/8) и Куманово (7/24). Тоа е дел од преземените активности на ЦУК, заради целосно расветлување на случајот на координаијата а давањето помош на медицинскиот тим во Кратовско којшто го спаси премрзнатиот сточар од с. Емирица.

Комисијата, како што нагласи Ангелов, детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај нас во ЦУК или во другите институции од Системот за управување со кризии, за истите да бидат надминати во иднина.

Центарот за управување со кризи, ЦУК, помина од зборови на дело – почна работата на Комисијата за случајот спасување премрзнато лице во Кратовско што предизвика големо внимание во јавноста и што отвори повеќе прашања во општеството. ЦУК, во рамки на своите надлежности, се ангажира и работи за да се зголемат сестрано можностите, процедурите и капацитетите во системот за управување со кризи коишто се важни за спасување на животи.

Можеби ќе ве интересира

Херои на денот: Екипите на Електродистрибуција спасија маче од електричен столб! (ВИДЕО)

C +

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

C +

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

C +