Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегазен пешак во Центар

Седумдесетгодишно лице се здобило со тешки телесни повреди кога во него удрил автомобил, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 5.4.2021 во 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Митрополит Теодосиj Гологанов во Скопје патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(48) од Скопје, удрило во пешакот С.Ф.(70) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на незгодата бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +