Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Кривични пријави за свадба со 300 гости во Струмичко и 80 во хотел во Тетово

Свадба со 300 гости била организирана на последниот февруарски ден оваа година во Банско, Струмичко.

Полицијата соопшти дека поднесени се кривични пријави против три лица поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„На 28.2.2021 пријавените во селото Банско организирале свадбена веселба на Е. И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на одлуката на Владата за забрана за организирање домашни групирања, свадби и други веселби“, велат од МВР.

Во текот на денот поднесена е уште една кривична пријава против хотел и менаџер во Тетово поради свадба.

Веселбата се случувала минатиот месец, а присуствувале 80 гости. Од страна на инспектори од Државниот пазарен инспекторат локалот бил затворен, а менаџерот на хотелот приведен.

Можеби ќе ве интересира

СО ДРОНОВИ ЌЕ СЕ БАРААТ КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА – Следната недела почнува спроведувањето на акцискиот план

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Талогот на СДС може мирно за спие, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува конкретни мерки за младите, и за вработување и за стекнување на свој дом

ДЕСК

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 1 ДЕКЕМВРИ – За отсуство подолго од пет дена ќе биде потребен специјалистички извештај

ДЕСК