16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

20 годишник ограбил жена која претходно го замолила за помош

20 годишно лице ограбило жена која претходно го замолила за помош. Сторителот и украл 50 евра и се дал во бегство објаснуваат од полицијата.

Настанот се случил минатата година на 07.09.2020 година, појаснувааат од МВР, кога оштетената жена купила овошје на улица „Илинденска“ во Гостивар и го замолила обвинетиот да и помогне да ги однесе ќесите до пунктот каде што се паркираат возила кои вршат јавен превоз на патници.

Обвинетиот прифатил и двајцата се упатиле кон пунктот. Поминувајќи покрај менувачница, оштетената извадила две банкноти од по 50 евра со намера да ги размени во денари.

Во тој момент, обвинетиот и зграпчил една од банкнотите во раката и се дал во бегство.​​

Основното јавно обвинителство во Гостивар против 20-годишното лице од село Чегране донесе обвинителен предлог за кривично дело-тешка кражба казниво по Кривичниот законик.

Спонзорирано: