22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Британскиот сој зема замав – Донесовме одлука за нови рестриктивни мерки

Донесовме одлука за нови рестриктивни мерки.

– Донесовме одлука дека се неопходни нови рестриктивни мерки.

Бројот на новозаразени како последица од коронавирусот расте, бројот на починати граѓани расте. Досега здравствените работници се справуваа со сите предизвици, но сега постои оптоварување на здравствените работници, рече Заев.

– Ова е најголемото оптоварување од почетокот на пандемијата, рече Заев.

Владата донесе нови рестриктивни мерки.

Прво забрана и посебен режим за движење на граѓаните на Македонија, од 20 часот до 5 часот наредниот ден од 6.ти до 20.ти април 2021 година.

Второ на граѓаните кои извршиле имунизација и вакцинација за временскиот период пред заршување на карантин можат слободно да се вратат дома и покрај тоа што почнал полицискиот час, најави Заев.

Целосна забрана за гости во сите барови, кафетиерии и сите објекти кои даваат угостителски услуги најави Заев, при што дозволено е онлајн достава и самостојно подигнување на производите. Овие мерки почнуваат од среда.

Се затвораат фитнес салите од утре.

Се забранува организирање на секаков вид на семинари, обуки од утре до 20-ти април.