Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер од Арачиново за доиздржување казна затвор

На 4.4.2021 во 4 часот и 30 минути од полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Гази Баба, по судска наредба, бил приведен Б.Р.(45) од с.Арачиново, Скопско, поради тоа што се барал за доиздржување на казна затвор во траење од три години и два месеца, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори.

Тој бил спроведен во затворот Идризово за доиздржување на казната, информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД

C +

Милановиќ: На Македонија ѝ се поставуваат премногу барања и услови за влез во ЕУ

C +

Костадиновски: Уставната жалба е заедничка точка на институционален дијалог

ДЕСК