Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Од почеток на пандемијата до денеска ВМРО ДПМНЕ седи на страна, одмага, ја поткопува борбата против пандемијата, на штета на јавното здравје, обвини СДСМ

Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага, ја поткопува борбата против пандемијата со што работи на директна штета на здравјето на граѓаните., велат од СДСМ во соопштението реакција до ВМРО ДПМНЕ.

– Дури велеа дека пандемијата не постои, дека е тоа алиби за одлагање на изборите.

Цело време ширеа невистини. Христијан Мицкоски лажеше дека нема тестови, дека нема заштитна опрема за здравстените работници додека кршеше мерки, шеташе по кафани, фитнес сали.

Неговиот Вело Марковски дури велеше дека вирусот не постои, дека маските се непотребни, дека треба да се стекне колективен имунитет.

Еве и вчера, истиот Вело Марковски продолжува, сега отвара им сомнеж во процесот на вакцинација.

Нивната министерка во техничката Влада, Кочовска, го кочеше процесот за изградба на 16 модуларни билници ширум државата.

Е тоа е ВМРО ДПМНЕ. Не грижи за јавното здравје, за напорната работа на здравствените работници, за сите кои се на првата линија против Ковид 19.

Ако ВМРО ДПМНЕ мисли дека со седење на страна, со поткопување на здравствениот систем ќе профитира врз грбот на заболените и починатите, тоа ја покажува само нивната морбидност и нечовечност, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ ЈА САКААТ ЕУ, НО НЕ И УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Објавени нови анкетни резултати

ДЕСК

КОЈ ЌЕ ГИ КОНТРОЛИРА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ? – Левица со обвинувања за изборот на надзорниот совет

ДЕСК

МИЦКОСКИ И МИНИСТРИТЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ – Опозицијата денеска бара одговори

ДЕСК