Кога станува збор за појадок, најчестиот избор за многумина се јајцата. Некои сакаат да ги подготвуваат на одреден начин, а некои сакаат да комбинираат и експериментираат со нови начини на подготовка.
Наполнети, тврдо варени, на око, омлет … Навистина има многу варијации во подготовката на оваа храна, но дали некогаш сте се запрашале дали постои начин кој е „најздрав“?
Експертите тврдат дека начинот на подготвување на јајцата може да влијае и на нивната хранлива вредност.
Прво, проверете дали сте ја одбрале маснотијата што ќе ја користите ако готвите јајца во тава. Користете ги оние масла кои се стабилни на повисоки температури. Можете да ги пржете во кокос или маслиново масло или путер. Домашна маст е исто така одличен избор.
Кога станува збор за јајцата, многумина ќе го споменат холестеролот како изговор да не ја консумираат оваа храна почесто, но она што треба да го знаеме е фактот дека ќе има губење на хранливи материи и зголемување на количината на оксидиран холестерол доколку претерате со варење или пржење на јајцето.
Ако сте на диета или се обидувате да изгубите тежина, најдобра опција за вас е да варите јајца. Додадете ги во салати и зеленчук. Ако сепак сакате да ги подготвувате како омлет, комбинирајте ги со варен зеленчук и ореви.