Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Нов влажен бран ја зафати Македонија – УХМР со информации какво ќе биде времето следните денови

Под влијание на влажен и студен воздушен бран денес времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег.

Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2).

Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали.

Прогноза за 06.04.2021
Минимална температура: 1°C до 7°С
Максимална температура: 12°C до 19°C
Сончево со умерена облачност, во југоисточните делови со локален дожд. Кон крајот на денот од запад ќе се прошират нови врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 07.04.2021
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 6°C до 15°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините во северните делови со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 08.04.2021
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 15°C
Сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК