Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Променливо облачно време и најави за пороен дожд во попладневните часови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму додаваат дека, на некои места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локала појава на грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 Целзиусови степена.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд, кој повремено ќе биде пороен, проследен со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен југозападен, а попладне и во вечерните часови повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 20 степени.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК