25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Во ред е да има улици со имињата на Блаже Конески и Славко Јаневски, велат од Советот за македонски јазик

Советот за македонски јазик на својата 42. седница едногласно ја поддржа и ја поздрави иницијативата на Советот на Град Скопје да именува две улици според имињата на нашите истакнати културни и научни дејци од 20 век: акад. Блаже Конески и акад. Славко Јаневски.

„Блаже Конески и Славко Јаневски се важен дел од македонската културна традиција. Не беше во ред дека досега тие немаа улици во градот Скопје на свое име“, велат од Советот за македонски јазик

Покрај познатите факти за Блаже Конески, еден од првите кодификатори на современиот македонски јазик, историчар на македонскиот јазик, поет, писател, преведувач, како и за Славко Јаневски, авторот на првиот македонски роман, „Село зад седумте јасени“, треба да се назначи дека и двајцата се членови на првиот состав на МАНУ, а Блаже Конески е нејзиниот прв претседател во два мандата.