Centar.mk
БИЗНИС

Државниот завод за статистика: 7,4 проценти поскапела струјата во втората половина на 2020 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2020 година просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесувала 5.144 денари за киловат-часови, што претставува раст од 7,4 проценти во споредба со првото полугодие од 2020 година.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.330 до 7.160 денари за киловат-часови по групи на потрошувачи, известува Државниот завод за статистика.

Според нивните податоци, просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 13.684 до 24.340 денари за нормален кубен метар по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 29.945 денари за нормален кубен метар.

Можеби ќе ве интересира

„Безбедни жици за загрозени птици“: ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво официјално го започна проектот за заштита на загрозени видови птици во земјава

ДЕСК

Втора година на врвот: Mozzart најпосакуван работодавач за 2025

ДЕСК

„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

ДЕСК