14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

На денешен ден беше историската посета на тогашниот грчки премиер Ципрас на Македонија – се огласи и премиерот Зоран Заев

Благодарение на заедничкиот дипломатски подвиг, на денешен ден во 2019 година во историска посета на Република Северна Македонија 🇲🇰 дојде Алексис Ципрас, како прв премиер од Грција 🇬🇷 кој ја посетил државата, напиша премиерот Зоран Заев.

Со потпишувањето на Договорот од Преспа ги премостивме речиси тридецениските разлики како два соседи, ставивме крај на тензиите меѓу нашите земји и воспоставивме ново стратешко партнерство.

Оваа историска спогодба коренито ја промени перспективата на евроатлантските интеграции на Северна Македонија и од патник на слеп колосек денес нашата држава е полноправна членка на НАТО и посакуван партнер во Европската Унија.

Како дел од семејството на НАТО, Северна Македонија ги споделува демократските вредности и начелата на солидарност со останатите членки, а Грција се грижи за безбедноста на нашето небо.

Договорот од Преспа во правни рамки дополнително го заштити нашиот македонски идентитет и култура, како и посебноста на македонскиот јазик, којшто е темел на нашата самобитноста и автохтоноста на нацијата.

Духот на Преспанскиот договор втемелен на взаемно почитување и соработка е препознаен како позитивен пример во меѓународната јавност, за што говорат бројните конференции, анализи и истражувања, како и престижни меѓународни награди кои во изминатиот период ни беа доделени мене и на поранешниот премиер Ципрас, напиша Заев.

Спонзорирано: