Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МОН: Исплатени се ученичките и студентските стипендии за април

Согласно новиот начин и динамика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставен на почетокот на тековната календарска година, Министерството за образование и наука информира дека денес е извршена исплата на средствата за месец април на сите корисници на стипендија.

„Исплатен е износ од речиси 32 милиони денари на вкупно 9.047 корисници на сите видови стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг-листа“, соопшти МОН.

Од таму велат дека оваа воспоставена динамика на редовна месечна исплата на стипендиите ќе продолжи да се реализира и понатаму, а тоа е многу важно за оние кои ги исполниле условите и го оствариле правото.

Можеби ќе ве интересира

Астролошка прогноза за Македонија во 2026: Година на тешка реалност, економски притисок и судбински избори

ДЕСК

Вечерва страшна сообраќајка кај Петровец, сообраќајот се одвива отежнато

ДЕСК

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

C +