Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски на средба со делегација на ЕУ: Со проектите финансирани преку ИПА поблиску до европските стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со државниот секретар Магдалена Несторовска, денеска во МВР одржа работен состанок со претставници на Делегацијата на Европската Унија, предводени од раководителот на Одделот за соработка, Никола Бертолини.

Како што информираат од ресорното министерство, на состанокот биле разгледани динамиката и прогресот од досегашната соработка помеѓу МВР и Делегацијата на ЕУ во делот на спроведувањето на проектите финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Од страна на Никола Бертолини било изразено задоволство од постигнатото во рамки на проектите што во моментот се спроведуваат во Министерството, а министерот Спасовски изразил благодарност на Делегацијата на ЕУ за досегашната поддршка.

Проектите кои се фининсирани преку ИПА се имплементација на системот за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата и модернизација на ИТ инфраструктурата во седиштето на МВР, воспоставување на нов Прифатен центар за странци, изградба на нова зграда за Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења и нејзина акредитација согласно ISO 17025 стандардот, како и усогласување на националните системи со ЕУ и Шенген барањата во областа на граничното управување и др.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК