13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ за Еурактив: Со интензивен дијалог, по изборите, можеме да постигнеме договор со Бугарија

„Тензиите меѓу Северна Македонија и нејзиниот источен сосед Бугарија, кои ја блокираат кандидатурата за членство на Скопје во ЕУ, би требало „природно да се намалат“ по изборите на 4 април во Бугарија“ – изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, за ЕУРАКТИВ.

Софија минатата есен одби да го одобри почетокот на официјалните преговори за пристапувањето на Северна Македонија кон ЕУ, повикувајќи се на тековните аргументи околу јазикот и заедничката историја.

„Сметаме дека со интензивен дијалог по бугарските избори, можеме да постигнеме договор ако имаме вистинска подготвеност и волја за тоа… и ако бараме решение што ќе се заснова на меѓусебно почитување, на рационалност, на европски вредности и на модерните концепти од 21 век “ – дополни министерот Маричиќ.

На прашањето дали е добра стратегија да се чека исходот од гласањето, со оглед на тоа што се чини дека во Бугарија има меѓупартиски консензус за ветото против Скопје, Маричиќ одговорил дека Северна Македонија треба да види кој ќе биде нејзиниот партнер во преговорите. Бугарија и Северна Македонија потпишаа договор во 2017 година, кој требаше да обезбеди рамка за решавање на споровите, но постигнатиот напредок се смета за недоволен од страна на Софија.

„За жал, тоа не даде толку интензивни и брзи резултати како што можеби очекуваше Бугарија, иако мислевме дека ова е добра рамка за справување со разликите. Преговорите треба да се темелат на межусебно почитување и правото на самоопределување“ – рекол Маричиќ.

Според него, со оглед на фактот дека проширувањето е сè уште еден од наведените приоритети на Лисабон е доволно добар факт за нас и ни дава надеж дека можат да се обидат до крајот на нивното претседателствување да направат некаков исчекор напред.

„Доколку до јуни не се постигне некаков успех, „тогаш очекуваме словенечкото претседателство да вложи повеќе напори. Словенија доаѓа од регионот, тие се многу силен поддржувач на Северна Македонија и воопшто на проширувањето“ – додаде Маричиќ, потсетувајќи дека е неприфатлива секоја дискусија за нашиот јазик и нагласи дека секое решение во спорот со Бугарија мора да биде одржливо, да не поттикнува национализам и да има заеднички став за историските настани и лица.

Спонзорирано: