Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Битолчанец со марихуана фатен на меѓуградската автобуска станица во Скопје

Педесет и двегодишен битолчанец криел марихуана во патната торба. Тој бил уапсен на меѓуградската автобуска станица во Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 52-годишен жител на Битола за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„На 11 март, на булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје, на меѓуградска автобуска станица, обвинетиот држел 194 грама марихуана. Дрогата наменета за препродажба била скриена во неговата патна торба, а овластени службени лица ја пронашле и му ја одзеле“, соопшти скопското обвинителство.

Обвинетиот е во притвор.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +