Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Захариева: Постапките на Скопје не ни даваат многу причини за оптимизам

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, тврди дека позицијата на Бугарија кон Северна Македонија нема никаква поврзаност со изборите во нивната земја.

Во интервју за „24 часа.бг“ таа рече дека бугарската позиција за ова прашање е едногласно усвоена со декларација во парламентот, а 83,3 отсто од анкетираните Бугари ја поддржуваат блокадата за Македонија во Европската Унија сѐ додека не се постигне договор за иториското минато.

„Неодамнешните постапки на Скопје не ни даваат многу причини за оптимизам. Нивниот евровизиски кандидат доби повеќе од 400 закани за животот оти рече дека имал бугарско државјанство. Дали е нормално во 21 век да не можете да кажете дека сте државјани на две земји? Или да стане збор за елиминирање од изборот поради тоа? Сѐ уште немаме објаснување од Скопје зошто нашето Министерство за надворешни работи треба да бара дозвола за увоз на бугарски книги. Тие сакаат да бидат членка на ЕУ, а не сакаат донација на книги од земја членка. Да не ја споменувам кампањата за клевета против нас од страна на невладина организација во Словенија, тесно повзана со Владата во Северна Македонија“, рече Захариева.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК