Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 177 возачи во Скопје, 63 за брзо возење

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 177 казни за возачи што ги прекршиле сообраќајните правила, информираaт од Министерството за внатрешни работи.

Меѓу нив за возење над дозволената брзина казнети биле 63 возачи, 15 санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, седум за непрописно престигнување возила.

Изречени се осум казни за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас и 41 санкција за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК

Лукаревска: ВМРО ја држи во заложништво европската иднина на Македонија

ДЕСК