Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров утре во официјална посета на Словенија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре ќе престојува во официјална посета на Љубљана.

Предвидено е вицепремиерот Димитров да има средби со словенечкиот претседател Борут Пахор, министерот за надворешни работи Анже Логар, претставниците на Комитетот за европски работи во словенечкиот парламент, како и со пратениците од Комитетот за надворешна политика, а меѓу соговорниците за европската иднина на Северна Македонија, ќе бидат и европратеничката Тања Фајон со која Димитров исто така ќе се сретне за време на официјалната посета.

Темите за разговор со словенечките соговорници ќе бидат на иста линија како и разговорите во Германија, дотолку повеќе што Словенија ќе го преземе кормилото со Советот на ЕУ во втората половина од оваа година, а двете земји имаат тесна соработка во рамки на актуелното Трио. Поконкретно ќе се разговара за приоритетите на словенечкото претседателство особено проширувањето на ЕУ кое што е високо на нивната нивната агенда.

На средбите ќе се отворат теми повразни со билатералната помош која што во континуитет ја добиваме од Република Словенија, како наш традиционален партнер и поддржувач и која дава значителен придонес како за ЕУ реформите, така и за конкретни инфраструктурни проекти.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК