21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев и Мицкоски го одложија пописот за септември

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зад затворени врати во Клубот на пратениците одржаа повеќечасовна средба во четири очи од која излегоа со помирувачки изјави и договор да се одложи пописот

Мицкоски оцени дека денешната средба била успешна и оставиле отворена врата и за други средби. Веќе од утре ќе биде покрената постапка за изгласување на измените на изборниот законик за да се овозможи гласање со отисок на прст.Околу работата во Парламентот се согласиле ВМРО-ДПМНЕ да работи заедно со мнозинството на сите закони кои се однесуваат на интеграцијата на Македонија во ЕУ и сите закони што се однесуваат околу поддршката на економијата за пандемијата и другите од тој пакет.

Околу вакцинацијата Заев известил дека во текот на април ќе стигнат околу 350.000 вакцини, а потоа до мај околу два милиони дози што е доволно да се имунизира целото населението. Од тој аспект, се согласиле пописот да биде одложен за петти или 30 септември, а апликацијата за дијаспората да остане активна дотогаш, додека локалните избори да бидат одложени за втората половина на октомври.

-Се договоривме дека довербата треба да се гради, дека дијалогот е двонасочна улица, а дали ќе бидеме натаму конструктивна опозиција ќе зависи од тоа дали ќе имаме конструктивна власт, рече Мицкоски појаснувајќи дека не станало збор за никаква експертска, концентрациона или друга влада, што биле според него шпекулација.

-Не сакавме да политизираме, не сакавме да се занимаваме со политиканство туку да спасиме човечки животи, рече Мицкоски на новинарската дилема дали ретерира неговата партија по повеќемесечно барање предвремени избори и најави за уривање на владата. Тој најави исто така дека и во иднина, ако има потреба од ваков тип на средби меѓу него и Заев тие ќе се одржат, вклучувајќи и проширен состав, мислејќи на албанските опозициски партии.

Премиерот Заев го повтори договореното нагласувајќи дека тоа што е важно дека дијаспората ќе продолжи да се попишува и дека сега е испратена порака и до граѓаните дома да учествуваат во оваа статистичка операција. Внимававме, рече Заев. пописот да не се поклопи со кампањата.

Законите, како тој за изградба н Клиничкиот центар, за петтиот пакет мерки, за пензионирањето со 64 години, од екологијата и други закони што се заглавени сега ќе бидат одблокирани, а работни групи веднаш ќе седнат да разговараат за унпаредување на изборниот законик, вклучувајќи го и барањето за отворени листи на СДСМ и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување 30 отсто поддршка за избран кандидат, дијаспората да може да гласа и надвор до дипломатските преставништва, како и други барања на помалите политички партии. Тој најави средба со сите парламентарни политички партии од опозицијата вклучувајќи ја тука и Левица.

Спонзорирано: