Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се борат за живот, Заев и Филипче возат мотори

Здравствениот систем e во катастрофална сосотојба, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кога, според нивната анализа, секој ден од коронавирус умираат по неколку десетици лица.

„Лекови нема, болнички кревети нема, лекари и воопшто медицински персонал нема. Секако, нема ниту вакцини, ниту е вакциниран медицинскиот персонал ниту е доволна оваа количина од механизмот ‘Ковакс’, која и доцни. Граѓаните ја преплавија Србија за да се вакцинираат“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, министерот за здравство, Филипче, и премиерот Заев не се интересираат за таквата состојба.

„Зошто би се интерсирале?! Филипче и Заев си возат мотори, се релаксираат. Власта се релаксира, граѓаните се борат за живот. Ова е Македонија водена од Заев“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие напоменуваат дека на таквото однесување мора да му се стави крај и дека Заев и Филипче, како што потенцираат, мора да одговараат!

Можеби ќе ве интересира

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

C +

Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУ

C +

СДСМ: ВМРО ја навредува Македонија и го навредува НАТО на првата посета на Руте

C +