И албанскиот премиер се вклучи во кампањата за попис во Македонија. За време на средбата со вицепремиерот Артан Груби се фотографирале како држи лист на кој го пишува линкот за онлајн попишување на дијаспората. Ова го објави Груби кој јавно му се заблагодари и напиша дека разговарале за билатералните односи на двете земји.
Со г. Рама разговаравме и за важноста на процесот на регистрација на дијаспората каде што во оваа прилика г,Рама апелираше до дијаспората на РСМ да одговори што е можно повеќе на процесот на регистрација, бидејќи со оваа акција тие исполнуваат морална и национална обврска.
Инаку Еди Рама не е првиот премиер кој даде јавна поддршка за пописот во земјава. Пред извесно време и косовскиот премиер Албин Курти сподели видео порака.
Дека статистичката операција е неопходно да се реализира сметаат и власта и опозиција од албанскиот политички блок во земјава. Лидерите на политичките партии споделуваат видеа со повик сите да се вклучат во пописот. Претседателот на ДУИ има и слоган „ Заедно сме повеќе, попиши се“
Помеѓу политичарите од македонскиот блок има јасна поделеност на власта и опозицијата. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ со могу чудни игри, кои за експертети ќе ги урнат Македонците на колена,ја обвини власта дека како најнеспособна да обезбеди имунизација за населението не се откажала од пописот за разлика од Србија, Косово и Бугарија.
„ Заклучок: Најнеспособните велат имаат безбеден протокол за успешен попис, а рекордерите го одложуваат пописот поради тоа што сакаат да го заштитат здравјето на граѓаните и да спасат човечки живот. Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на Заев, Филипче и Симовски. Одложување на пописот веднаш. Ќе одговарате!“ , Вели Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ.
Координатортот на пратениците од СДСМ порача дека пописот ќе се реализира согласно сите здравствени протоколи.
Само во последните 24 часа се попишале околу осум ипол илјади наши иселеници. Вкупната бројка за овие 23 дена како тече процесот, попишани се 130 009 државјани од дијаспората. Симовски за Сител вели кампањата вродила со плод и повикува на разум кај граѓаните.
На кого му угодува Христијан МИцксоки, Зошто Макеоднците не смеат ад се попишат. Зошто ВМРО ДПМНЕ како т.н. застана зад други игри акде Маедонци ќе нема на пописот и таа самопрогласена патриотска партија удри врз Македонците низ целиот Свеет никој не знае! Македонци попишете се Мицкоски не е фактор!