Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче излезе на прес за да каже дека граѓаните ќе почекаат за вакцини

Венко Филипче излезе на уште една прес-конференција и секако само за да каже дека има одложување на процесот на вакцинација, реагира ВМРО-ДПМНЕ по излагањето на министерот за здравство.

„Вакцините според Филипче стигнуваа во јануари, февруари, март, ама денес го слушаме министерот вели почеток на април, прва недела на април.

Ова значи само едено граѓаните ќе почекаат за вакцини!

Неспосбноста Филипче си ја докажува секој ден!

За директорот на струшката болница на чија пациентка и беа извадени три здрави органи, Филипче рече ќе биде разрешен.

Филипче треба да сфати, за ваква постапка директорот на струшката болница треба да одговара кривично!

И повторно за епидемиолошката слика, Филипче треба да сфати дека сите мерки се несоодветни.

Зошто? Затоа што да имаше соодветни мерки, да имаше медикаменти, да имаше доволно бочнички кревети бројката на починати немаше да биде 3364 лица.

Едноставно е, Филипче ќе одговара“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година

C +

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи

C +

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

C +