Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: На Мицкоски поважен му е Камчев од партиските пари на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ скокнаа да го бранат Орце Камчев, иако бизнисменот е осомничен во предмет во кој со 1,3 милиони евра наводно украдени од донации на партијата се купувале плацеви на Водно, велат од СДСМ.

Во овој предмет, додаваат од партијата, првоосомничен е Никола Груевски, второосомничен е Сашо Мијалков, третоосомничен кумот на Груевски, а четвртоосомничен е Орце Камчев.

„На лидерот на белата палата во стечај, Мицкоски, очигледно му е поважен Орце Камчев, од финансиите на партијата. Ова покажува колку се големи хипотеките на Мицкоски кон тајкунот на режимот Орце Камчев. Затоа бранител на Камчев е првиот човек на партиската правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Менкиновски, кој заедно со докажаниот губитник Мицкоски не успеа да го спречи носењето на Законот за јавно обвинителство. Мицкоски, не успеа да ги заштити криминалците во своите редови, нема да успее ниту сега да го одбрани криминалот на режимот. Правдата е тука и секој што го прекршил законот одговара“, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +