Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

(Видео) Заев најави пролетна офанзива во делувањето на СДСМ

Актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, ја презентира неговата програма за претстојните избори за лидер на партијата што ќе се одржат в недела, 21 март. Тој најави пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ.

„Нова политика – Пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ и на Северна Македонија. Доколку ја добијам довербата, најавувам досега најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ“, рече Заев.

Тој кажа дека новата политика значи реформа на досегашна кадровска понуда на СДСМ.

„Некои многу сработуваат и водат напред, некои можат многу повеќе, но некои потфрлија. Единствениот долг кој го прифаќам е долгот кон граѓаните за ефикасна и доследна испорака на ветеното. И тука е точката на која се темели новиот начин на работа“, рече Заев.

Додаде дека новата политика значи ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата и криминалот и охрабрување на различно мислење и почитување туѓи ставови.

Тој, исто така, кажа дека СДСМ има каде да се поправа и подобрува. „Не сме безгрешни. Никој не е. Но, факт е дека никогаш не скршнавме од стратешкиот колосек, од напредокот, од сојузништво со западниот демократски свет на чело со САД и ЕУ. Така и ќе продолжиме да работиме и да се движиме по вистинскиот пат“, истакна Заев.

Можеби ќе ве интересира

Левица: ВРЕДИ одработи за ДУИ во Брвеница, а ДПМНЕ за локалните избори одработуваше против Левица во корист на ВРЕДИ во Струга, Тетово и Гостивар

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Сами против сите и раст од 1.200 гласа, Брвеница нема да биде заборавена, ВМРО-ДПМНЕ понуди програма и концепт за развој, а тие национални поделби

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

ДЕСК