17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZИЗБОР

Гарванлиев: Најгордо за мене е што во првата реченица во светската биографија сум „македонски баритон“

„За мене најважно и најгордо нешто беше тоа што, првата реченица во мојата биографија низ цел свет беше „Македонскиот баритон Васил Гавранлиев ја започна својата кариера на 7 години во својата родена земја…Честа, желбата, можноста, гордоста, одговорноста, да бидеш претставник на олимпијадата за пеење Евровизија е огромна. Ја прифатив со отворено срце, зашто знам каква е таа одговорност, и знам што можам, и со душа чекам да застанам на таа сцена… И искрено да вибрирам во црвено-жолта боја.“, вели Васил Гарванлиев во неговото обраќање на Фејсбук.

За спотот Гарванлиев истаккнува дека поради коментарите лани, дека нема доволно Македонија во спотот, изразил огромна желба годинава да вклучи колку што може повеќе Македонци во проектот, на што е исто така горд. Македонскиот пејач исто зборува и за промените со неговиот спот, но и за интервјуто дадено пред една година кое беше актуелизирано и злоупотребено сега.

„Во моментот кога дознав дека луѓе се погодени и по грешка е сфатено тоа дело во музејот, направив чекор, спотот беше сменет. Интервјуто што циркулира викендов е дадено пред една година. Во музика нема политика, нема раса, нема боја, има љубов, има човештво, има енергија…Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, многу случајно, јас се извинувам од сесрце. Не се извинувам за тоа што сум јас, но ако имам повредено некој, кои и да сте, простете ми.“, вели Гарванлиев, завршувајќи го обраќањето со стихови од песната со која годинава ја претставува земјата на престижаната европска музичка манифестација.

Гарванлиев е горд што е претставен како македонски баритон, се извини за грешките со спотот и злоупотребеното старо интервју
Во неговото последно обраќање на социјалната мрежа Фејсбук, македонскиот претставник на Евросонг, Васил Гарванлиев зборува за реакциите кои ги предизвика неговиот спот но и стари интервјуа во јавноста.

„За мене најважно и најгордо нешто беше тоа што, првата реченица во мојата биографија низ цел свет беше „Македонскиот баритон Васил Гавранлиев ја започна својата кариера на 7 години во својата родена земја…Честа, желбата, можноста, гордоста, одговорноста, да бидеш претставник на олимпијадата за пеење Евровизија е огромна. Ја прифатив со отворено срце, зашто знам каква е таа одговорност, и знам што можам, и со душа чекам да застанам на таа сцена… И искрено да вибрирам во црвено-жолта боја.“, вели Васил Гарванлиев во неговото обраќање на Фејсбук.

За спотот Гарванлиев истакнува дека поради коментарите лани, дека нема доволно Македонија во спотот, изразил огромна желба годинава да вклучи колку што може повеќе Македонци во проектот, на што е исто така горд. Македонскиот пејач исто зборува и за промените со неговиот спот, но и за интервјуто дадено пред една година кое беше актуелизирано и злоупотребено сега.