Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Драма во Скопје: Украле возило, па бегале и пукале кон полицијата

Непознати лица украле автомобил во Гази Баба, по што се дале во бегство и пукале кон полицијата која ги следела.

Сцената се одвивала вчера попладне, кога М.Т. пријавил во полицијата дека неговото возило е украдено. Полициски службеници го затекнале автомобилот во Маџари и почнале да го следат. Кога крадците ја забележале полицијата, го оставиле возилото и почнале да бегаат.

„Тие не застанале на предупредување од полициските службеници, а едно од лицата испукало еден куршум кон нив, но не ги повредил. Исто така, полициски службеник испукал еден куршум во воздух“, велат од МВР.

Возилото било вратено на сопственикот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК