20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Адвокатот на Камчев, Менкиновски, е партиски функционер на ВМРО ДПМНЕ

Адвокатот Тони Менкиновски е истакнат партиски функционер на ВМРО ДПМНЕ, дел е од правната комисија, а лидерот Христијан Мицкоски му ја доверува улогата на главен партиски преговарач. Менкиновски беше дел од тимот на ВМРО ДПМНЕ кога власта и опозицијата го договараа носењето на Законот за Јавно обвинителство, кога опозицијата, а вклучително и Менкиновски се противеа на неговото изгласување во парламентот.

Сите предлози кои Менкиновски ги имаше во врска со законот одеа во насока како да се затворат предметите на СЈО и како неговите партиски колеги да се спасат од одговорност за криминалот и корупцијата. Денеска, кога тој се појави во судот за да го брани Орце Камчев, осомничен за перење пари и со спремен план за бегство, станаа појасни некои работи. Имено, јасно е зошто Менкиновски и ВМРО ДПМНЕ не сакаа нов Закон за јавно обвинителство преку кој се овозможи продолжување на постапките за предметите на СЈО. И тоа, дека уште еднаш се потврди релацијата на Камчев со Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

Во изјавата пред судот Менкиновски сакаша да ја дефокусира јавноста со пласирање неточни информации за случајот со Орце Камчев. Коментираше дека истрагата е назаконска затоа што траела 30 месеци, иако вистината е дека истрагата трае само неколку месеци, а периодот за кој што зборува Менкиновски била предистрагата. Потоа, тврдеше дека Камчев е приведен за некакво дело со изборни измами иако вистината е дека бизнисменот заврши во притвор за перење пари.

Избеганиот премиер Никола Груевски незаконски си присвоил најмалку 1,3 милиони евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ додека бил претседател на партијата и потоа со тие пари си купувал плацеви на Водно. Според истрагата, на Груевски во перењето на нелегално стекнатите пари му помагале Мијалков и Камчев, кои се второосомничен и четвртоосомничен. Новачевски е третоосомничен. Груевски во периодот од 2006 до 2012 година, дел од донациите за финансирање на партијата ги примал лично и не ги прикажувал како примени донации во финансиските извештаи на партијата и на тој начин присвоил најмалку 1.300.360 евра.

Покрај ова, Камчев е осомничен и во делото „Империја“ каде што заедно со други десетина лица незаконски граделе финансиска парамида, переле пари, пренесувале нелегални средства по сметки…

Спонзорирано: