27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Слободен печат: Запленетите 4,5 тони путер со поминат рок се производ на „Суташ“?

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вечерва соопшти дека се запленети вкупно 4,5 тони путер со поминат рок кој утре ќе биде уништен на „Дрисла”, пишува Слободен печат.

Во соопштението се наведува дека путерот, чиј увозник е млекарницата „Евро Млекара” од Скопје, е повлечен бидејќи е утврдено дека рокот на декларацијата не соодветствува со увозната документација за производот според која рокот на употреба бил до 2019 година.

– Агенцијата за храна и ветеринарство изминативе две недели спроведе акција за контрола на млечни производи од увоз во млекарницата „Евро Млекара ДООЕЛ”, Скопје. Во неколку последователни контроли во млекарницата и кај дел од нејзините дистрибутери, повлечени се вкупно 4.325 килограми увозен путер, за кој е утврдено дека е со изминат рок до 2019 година. Производот е повлечен бидејќи е утврдено дека рокот на декларацијата на производот (13.02.2021 година) не соодвествува со увозната документација за производот, според која, рокот на употреба бил до 2019 година, посочува АХВ.

Од Агенцијата не посочуваат чиј е точно производот, но „Слободен печат“ дознава дека е на турската млекара „Суташ“, но во очекување сме на потврда за производителот чиј путер со изминат рок, како што наведува АХВ утре ќе биде уништен на депонијата „Дрисла“.

Целиот текст прочитајте го на Слободен печат.