27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Видео) Лефков: Кина продава една вакцина по 30 долари, а Заев и Филипче нуделе 60 долари за вакцина

Министерството за здравство на сметка на „Стабри Интернешенал“, фантом фирма од Хонгконг уплатило 12,5 милиони евра за 200.000 вакцини, рече на денешната прес-конференција, Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа тој, тоа го потврдува и документ издаден од „Дојче банк“ на 25 јануари годинава, банка која требала да послужи за склучување на договор со кинескиот производител „Синофарм“ за набавка на вакцините.

„Од каде и на фирма со тројца вработени 12,5 милиони долари и дали овие пари, се парите кои владата на Заев и Филипче ги уплатила како аванс за набавка на вакцини?! Ова е доказ дека Заев и Филипче плаќаат 62,5 долари за една вакцина. Податоците кои ги објавуваат медиумите е дека една вакцина на ‘Синофарм’ чини најмногу до 32 долари“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кој воедно и јавно запраша дали Заев и Филипче сакале да купат вакцина по цена двојно поголема од таа што ја плаќаат другите држави.

Според Лефков, ова е пример за класично профитерство на сметка на здравјето на граѓаните.

„Дали разликата од 30 долари требала да заврши на други сметки, односно на сметка на фантомската ‘Стабри Интернешенал’, за потоа преку оф-шор сметки да бидат испумпани парите и да завршат во џебовите на функционерите од врвот на власта“, праша пратеникот од опозициската партија и го повика Јавното Обвинителство да го испита случајот.