27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокираат важни закони во Собранието, затоа пак ќе бидат казнети од граѓаните

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со неодговорно, деструктивно дејствување, на штета на граѓаните и на државата,велат од СДСМ.

-Свесно и намерно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци кочат важни законски решенија.

Поради нивната деструктивност и неодговорност закочена е постапката за изградба на нов Клинички центар во Скопје, најважен капиталрн проект за македонското здравство.

ВМРО-ДПМНЕ го кочи и законот со кој ќе се унапреди енергетската ефикасност, со кој детски градинки, училишта и болници треба да добијат енергетски ефикасни фасади и нови, еколошки системи за греење.

Како што претходно беа против зголемување на минималната плата, како што се противеа на раст на пензиите, денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа парите да завршуваат кај граѓаните и во македонската економија.

Како никаде во светот, опозициската партија се противи на законско решение со кое главниот град добива нов ефикасен и еколошки јавен транспорт.

ВМРО-ДПМНЕ е против унапредување на земјоделството и изградба на три големи откупни центри.

Овие блокади се доказ за тоа до каде оди деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници.

Граѓаните, јавност, го гледаат таквиот антинароден и антидржавен однос на опозициската партија и затоа им следи нов изборен пораз веќе на локалните избори.

Тоа, очигледно го знаат и во белиот дворец па затоа уште сега бараат алиби.

Наместо блокади и деструкции, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да застанат зад граѓаните и нивните интереси.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ; реформите во интерес на граѓаните и државата, продолжуваат. Како парламентарно мнозинство ќе најдеме начин да се реализираат сите предвидени мерки и политики во интерес на граѓаните, велат од СДСМ.