26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Не ги делиме судиите на „наши и ваши“, секое разрешување е според законска постапка

Разрешувањето на судиите не е политичко-партиска чистка, тврдеше министерот за правда, Бојан Маричиќ, во вечерашното интервју за „360 степени“ на Алсат. Тој образложи дека прочистувањето во судството се заснова на јасни постапки и критериуми, според кои се води Судскиот совет при носење на своите одлуки.

„Дали се суштински причините за кои се разрешуваат судиите треба да кажат членовите на Судксиот совет. Тие имаат јасно утврдена постапка, прецизирана согласно новата законска рамка од 2019 година и со која треба да наведат конкретни причини. Ние веќе немаме разрешувања како што имаше порано каде се користеа истите фрази за сите разрешувања без конкретни примери. Сега, и за последното разрешување и за сите претходно беа наведени конкретни чекори. Тоа што вам ви се чини несуштинско не мора да значи дека е несуштинско за членовите на Судскиот совет или за судството и неговата репутација. За да гласаат 11 или 12 членови на Судскиот совет треба да имаат добро образложение и причини, и верувам дека тие добро образложени причини ги имаат. Всушност, постои постапка во која разрешените судии имаат право на жалба и ќе видиме дали тоа ќе се потврди или не“- изјави Маричиќ.