17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето се менува – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена облачност, а во сабота во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Прогноза за 13.03.2021
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 11°C до 18°C
Сончево со мала до умерена облачност. Во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 14.03.2021
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 15.03.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 8°C до 13°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува засилен северен ветер.

Спонзорирано: