27.8 C
Скопје
17. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Showbiz

„Intelligent Music Project“ уште две рок легенди на новиот албум

По успехот на претходниот албум на групата Intelligent Music Project, очекувањата на рок фановите за шестиот по ред албум наречен „The Creation“, секако се големи. Албумот е во многу разновидни рок стилови и како што и самото име на албумот кажува, фокусот е на креативниот пристап што многумина можат да го перцепираат како „ѕвезда водилка кон живот со цел“.

Хемијата помеѓу членовите на бендот и креативниот стил што се протега низ претходните пет албуми се исто така присутни на ова издание. The Creation содржи 12 музички разновидни песни, но сите имаат едно нешто заедничко – позитивната порака што ја носат во себе.

Составот на Intelligent Music Project, го сочинуваат светски познатите рок музичари, па така и на овој 6-ти по ред албум учествуваат – Roni Romero (Rainbow), Bobi Rondineli (Rainbow, Black Sabbath), John Pejn (Asia), Tod Sukerman (Styx), Karl Sentens (Nazareth) i Ričard Grizman (River Hounds).

Коментирајќи го новиот албум на IMP, Рони Ромеро вели:

– Албумот ‘The Creation’ е природно продолжение на претходниот албум ‘Life Motion’ и средство со кое шириме позитивност и љубов меѓу слушателите на музика ширум светот. Не треба да заборавиме дека ова е свет на неправда и дека ако стане позитивен само до степен до кој го замислуваме, можеби нема да постои таков каков што е. И покрај сè што се случува во нашите животи, сепак можеме да ги надминеме сите тешкотии и таги поврзани со ‘модерниот живот’. Како? Нашата музика ќе го осветли патот и ќе ви овозможи начини да се справите со секојдневните предизвици.

Најпознати музички творци на претходните албуми на Intelligent Music Project се Рони и Џон, но овој пат големо изненадување за љубителите на хард рок музиката, е дополнување на двајцата легендарни тапанари, Боби Рондинели (Rainbow, Black Sabath) и Тод Сукерман (Styx), кои носат нова атмосфера и нови звуци.

Преслушајте го албумот на следниот линк: https://bit.ly/3jai4Wq

Порачајте го албумот во пред продажба на линкот: https://bit.ly/3jai4Wq