Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Короната си го направи своето: Можно ли е заострување на мерките од понеделник?

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да прејудицира дали ќе се воведат нови рестриктивни мерки по зголемувањето на бројот на новодијагностицирани од Ковид-19. Во изјава за медиумите истакна дека ќе ги следат препораките на Комисијата за заразни болести.

– За евентуално други рестриктивни мерки ќе ја чекаме Комисијата за заразни болести. Веројатно тие ќе работат денеска и во текот на викендот, а во понеделеник во 9 часот стандардно има состанок Главниот координативен штаб на Владата каде присуствува и министерот за здравство. Ние ќе ги следиме нивните препораки, изјави Заев по посетата на новата реконструирана градинка „Мајски цвет“ во општина Карпош.

Имаме еден нов пик, рече Заев, но да видиме што ќе кажат бројките овие денови и конечно кој ќе биде предлогот на Комисијата за заразни болести.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК