24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Започна процесот на попишување на граѓаните

Од владеачката СДСМ потсетуваат дека процесот на попишување на граѓаните започна, а со учество во пописот, како што додаваат од партијата „секој граѓанин придонесува за развој и подобра иднина на државата“.

„Започна попишувањето на одделни категории на лица како што е предвидено во методологијата и од вчера се попишуваат лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица“, информираат од СДСМ.

До 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората коешто се одвива електронски, преку веб страницата на Дджавниот завод за статистика.

„Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со којашто ќе се обезбедат податоци коишто ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики со цел создавање услови за економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина“, велат од СДСМ.

Оценуваат дека, „обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот е неевропски и собирањето на потписи за наводно одложување на пописот е само лош партиски маркетинг, на којшто граѓаните не смеат да подлегнат“.

Апелираат, граѓаните активно да се вклучат во пописот со што ќе дадат свој личен придонес за подобра иднина на државата .