Centar.mk
БИЗНИС

СДСМ: Просечната плата за три години порасна речиси 4.500 денари

Од владејачкиот СДСМ влеат дека економските мерки дале резултати, а просечната плата за три години пораснала речиси 4.500 денари.

„Просечната плата во декември 2020 година изнесуваше 28.294 денари, што е пет отсто повеќе во однос на декември 2019 година. Просечната плата за три години, од декември 2017 до декември 2020 година, порасна 18,63 отсто, односно речиси 4.500 денари – од 23.850 на 29.294 денари“, анализираат од СДСМ.

Според нив, растот е трипати поголем во однос на периодот од 2014 со 2017 година, последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната плата пораснала 6,44 отсто, односно 1.443 денари.

„СДСМ се грижи за граѓаните, веднаш по преземањето на мандатот, ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари, а потоа и на 14.500 и ја израмнивме во сите сектори“, велат од оваа парија.

Додаваат дека ќе продолжат со реализација на политиките што обезбедуваат подобар животен стандард и брз економски раст.

Можеби ќе ве интересира

„Самсунг“ („Samsung“) го унапредува Galaxy AI и поврзаниот екосистем на Светскиот конгрес за Мобилни технологии 2026

ДЕСК

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со нови илјада денари покачување – Дали е тоа доволно да се турне месецот?

ДЕСК

Минималната плата ќе скокне за 1667 денари, сега ќе биде 26.046

ДЕСК