Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без струја утре делови од Скопје

Делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија, известуваат од ЕВН Македонија.

Од таму информираат дека во периодот од 9:00 до 11:00 часот, без електична енергија ќе бидат корисниците од ул. Хаванска бр.3 и ул. Варшавска бр.9 (општина Карпош)

Без електрична енергија во периодот од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат и дел од корисниците од ул. 5 во село Усје, како и објектот за деца со посебни потреби (општина Кисела Вода)

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, објектот на наплатната рампа Арнакија, како и корисниците од селата Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ (општина Сарај)

Од 9:30 до 11:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од село Свиларе (општина Ѓорче Петров)

И во периодот од 12:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од бул. Партизански одреди, како и дел од корисниците од улиците Његошева и Софиска (општина Карпош)

Можеби ќе ве интересира

ОХРИД ВЛЕГУВА ВО „СЕЈФ СИТИ“: Почнува нова ера на контрола и безбедност во сообраќајот

ДЕСК

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови , повелете на дружење, пуканки и пријатна атмосфера

ДЕСК

Започна реконструкција на улицата Загребска

ДЕСК