Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Сончево и топло време во следните денови, температури до 21 степен

Времето утре ќе биде сончево и топло. Претпладне со мала до умерена локална облачност, особено во североисточните подрачја. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.

Во Скопје претпладне со мала до умерена облачност, преку денот сончево. Ќе дува умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови во одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК