Centar.mk
БИЗНИС

Шефицата на ММФ: Ковид-19 може да ја продлабочи нееднаквоста во Европа

Пандемијата со Ковид-19 може да ја продлабочи економската разлика меѓу земјите во Европа доколку владите не се справат со светската здравствена криза и не ја поддржат економијата се додека не заврши кризата, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд.

Кристалина Георгиева ја пофали владата на Европската Унија за поддршката на компаниите и домаќинствата, вклучително и програми за зачувување на работните места во кои беа вклучени повеќе од 54 милиони работници.

„Но, патот до закрепнување е нерамномерен поради разликите во почетните позиции, економската структура и можностите за дејствување, што предизвикува продлабочување на нееднаквостите меѓу земјите и во самите нив“, предупреди Георгиева во Европскиот Парламент.

Според неа, европските земји кои традиционално се потпираат на туризмот, како што се Шпанија, Грција и Италија, забележаа пад на БДП за повеќе од девет проценти во 2020 година, додека во Унијата тој пад во просек беше за 6,4 проценти.

Според ММФ, Ковид-19 ќе ја продлабочи нееднаквоста во земјите, така што регионите кои имале помал БДП по глава на жител пред кризата, помала продуктивност, поголем сектор кој се потпира на директен контакт со клиенти и помалку работни места погодни за теле-работа ќе претрпат особено тешки последици.

Губењето на милиони работни места најмногу ќе ги погоди жените и младите, особено оние со пониски примања и заштеди, објасни Георгиева.

Според неа, владите на Европската Унија мора да создадат услови за економско закрепнување и ублажување на диспаритетите, ставајќи го на прво место крајот на здравствената киза, истакна таа.

Можеби ќе ве интересира

Новогодишни пакетчиња за деца преку програмата Magenta Moments на Македонски Телеком

ДЕСК

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити

ДЕСК

ТИТАН Усје: Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити

ДЕСК