25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Бегството на Мијалков беше договорено, време е за техничка влада

Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено беше бегството на Мијалков, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порачувајќи дека е време за техничка влада.

Според него, евентуална оставка на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не би била доволна, туку потребна е оставка на целата Влада и формирање експертска влада.

„Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот“, рече Мицкоски.

Нагласи дека додека МВР пишува казни на народот и секое утро се фали колку казни напишале за неносење маски, Мијалков го пуштиле да избега со милионите.

„Заев, твој тег на ногата сега е бегството на Мијалков. Затоа, ние имаме обврска Македонија да престане да тоне. Вчера душата ми се параше кога ве гледав пред ТВ екраните“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не собрал храброст да им се обрати на граѓаните, додека народот очекува објаснување. Порача дека институциите се должни да дадат одговори на сите прашања за овој случај.