17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение против инвеститор за предметот „Лидери“

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинение против едно лице во предметот во јавноста познат како „Лидери“.

Овој предмет го отвори поранешното СЈО, а осомничен е инвеститор на објект изграден во близина на една странска амбасада во Скопје без одобрение за градба, со површина од 1.000 метри квадратни.

„Во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година обвинетиот 50-годишник градел на земјиште во државна сопственост на булеварот Никола Карев во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит-пазар – Скопје. Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана“, соопшти скопското обвинителство.

Обвинетиот се товари за кривично дело бесправно градење.