Centar.mk
БИЗНИСТЕХНОЛОГИЈА

„Фејсбук“ ја укина забраната за објавување вести во Австралија

„Фејсбук“ објави дека ќе ја укине забраната за објавување и споделување вести во Австралија, пренесува Би-би-си.

Да потсетиме, најголемата светска социјална мрежа минатиот четврток им забрани на Австралијците и на австралиските медиуми да објавуваат и споделуваат вести. Причината беше предлог-закон со кој Австралија сакаше да ги принуди „Гугл“ и „Фејсбук“ да им плаќаат на издавачите за медиумска содржина.

Австралискиот министер за финансии, Џош Фрајденберг, изјави дека првиот човек на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, му потврдил дека забраната ќе биде укината во следните неколку дена.

Фрајденберг потврди дека предложениот закон ќе биде изменет.

Можеби ќе ве интересира

Телеком овозможува побрзо и поудобно патување со M-TAG 

C +

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

C +

УЈП испрати речиси 863.000 даночни пријави: Граѓаните имаат рок до 31 мај да ги проверат

C +