Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: На граѓаните им е доволно од сите опструкции, кочења и сопки кои ги поставува ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ континуирано се обидуваат нешто да блокираат – ја блокираат изградбата на нов Kлинички центар, ја блокираат работата на Собранието, во време на пандемија го поткопуваат здравствениот систем, собираат потписи против пописот, работеа против членството на државата во НАТО, велат од владејачката СДСМ.

Но, како што се посочува во партиската реакција, граѓаните на шест изборни соочувања во последните четири години, јасно порачале дека не сакаат блокатори.

„На граѓаните им е доволно од сите опструкции, кочења и сопки на се што е добро во државата, обиди за гушење на секој напредок, грчевито влечење на државата надолу, назад кон мрачното минато, кон режим“, нагласуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК