Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на Спасовски со членови на ДИК, во фокусот отпечатокот од прстот во изборниот процес

За измените во Изборниот законик во делот за воведување отпечаток од прстот во изборниот процес разговараа денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Од страна на претставниците на ДИК, како што беше соопштено по средбата, била побарана поддршка од МВР за достапност до одредени лични податоци на граѓаните што ќе учествуваат во изборниот процес во насока на спроведување беспрекорни фер и демократски избори со целосен легалитет и легитимитет на изборниот процес.

Министерот Спасовски ја потенцира потребата од формирање заедничка работна група, која ќе ги реши сите дилеми и разлики во текот на постапката, но и нужноста од генерална стратегија за сајбер-безбедност, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека претставниците на Државната изборна комисија и министерот Спасовски ја нагласиле потребата од законски измени, со кои би се утврдил начинот на користење на отпечатокот од прстот во текот на изборниот процес.

Можеби ќе ве интересира

Попладнево трагедија ја потресе Македонија – Во сообраќајка кај Мирковци загина едно лице

ДЕСК

Важна вест вечерва пристигна од Министерството за надворешни работи до граѓаните кои се заглавени во Емиратите

ДЕСК

Сончево, па дожд – Метеоролозите со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК