Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени две лица кои дилале дрога од изнајмен стан во скопски Центар

Во вечерните часови на 17 февруари, од страна на Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, уапсени биле А.С. (25) и М.К. (20), поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, по претходно добиена судска наредба, полицајци извршиле претрес во стан на подрачјето на Центар, каде привремено престојувале двете лица, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага и парични средства.

Двајцата уапсени се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави.

Можеби ќе ве интересира

Уапсен е сопругот на жената која заедно со ќерката падна од зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Филипче по обраќањето на Руте: Членството во НАТО е трајна придобивка од политиките на СДСМ

C +

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

C +